Добродојдовте на сајтот на

БАНКА ЗА ХРАНА

Храна за сите - БХМ

Да бидеме сиромашни не е прашање на џебот туку на духот! Донирајте храна и помогнете во борбата со гладта.

ПОМОГНЕТЕ СО ДОНАЦИЈА!

Бидете хумани - донирајте од срце!

Донирајте во нашата организација и помогнете на луѓето што навистина им е потребна помош!

ЗАЕДНИЧКИ ГЛАС ПРОТИВ ГЛАДТА

PH - Достоинство

СИРОМАШТИЈА - ГЛАД - ДОСТОИНСТВО

ПРИЈАВИ СЕ ЗА ВОЛОНТЕР

БИДИ ХЕРОЈ ПРОТИВ ГЛАДТА !

ХРАНА ЗА СИТЕ - БХМ

Се формиравме на почетокот на 2011 година, поточно на 11.01.2011 во Скопје, решени да му помогнеме на секој човек во остварувањето на неговото есенцијално право на живот и животен стандард кој му обезбедува здравје и благосостојба, пред се храна.

АПЕЛ

Апел до сите фирми и поединци за сорабтока со социјалните центри, народните кујни и другите организации со заеднички сили горе споменатата храна им ја доставиме на оние на кои истата им е потребна, нашите гладни и сиромашни сограѓани.

Жиро сметка

Здружение “ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ“ Скопје Девизна с-ка број: 0270100272064 / IBAN: MK07300701002720623 / S.W.I.F.T.: KOBSMK2X Денарска с-ка: 300- 0000032275-17

ПОДРШКА

Донирајте и подржете ја банката за храна и со тоа помогнете ни заедно да се избориме против гладот кој за жал е се почесто присутен помеѓу граѓаните. Добредојдени се донации на храна опрема и парични средства кои ќе им ги пружиме на оние на кои навистина треба.

ASSOCIATE member of european federation of food banks

ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНАТА "БАНКА ЗА ХРАНА"

 

Да бидеме сиромашни не е прашање на џебот туку на духот!

Материјално сиромашниот и гладниот има само еден ГОСПОДАР, а ТОЈ што е духовоно сиромашен има илјадници ГОСПОДАРИ!

„ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ “ е организација која полека но сигурно станува активен учесник и реализатор во акцијата посветена на борбата против сиромаштијата и гладот во земјава но и сериозен борец против фрлањето – расипувањето на дел од храната.

Се формиравме на почетокот на 2011 година, поточно на 11.01.2011 во Скопје, решени да му помогнеме на секој човек во остварувањето на неговото есенцијално право на живот и животен стандард кој му обезбедува здравје и благосостојба, пред се храна.

Застанавме зад идејата да создадеме систем кој континуирано, 365 дена во годината ќе обезбедува барем малку храна за сите оние на кои таа им е најпотребна, гладните и сиромашни луѓе.

“ХРАНА ЗА СИТЕ - БХМ” ја игра улогата на Банка за храна, непрофитна, добротворна, хуманитарна организација која го собира вишокот храна, храната која е во “тесен“ рок на корисна вредност, односно пред крај на употреба, притоа, поради извесни причини не е во можност да се пушти во продажба или пак да биде искористена за било која друга трговска намена. Имаме вискоко ниво на подготвеност за навремено обраќање и сорабтока со социјалните центри, народните кујни и другите организации со заеднички сили горе споменатата храна им ја  доставиме на оние на кои истата им е потребна, нашите гладни и сиромашни сограѓани.

 

 Почна да се гради Коалицијата за борба против гладот! (рН Достоинство)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

  • ПОВЕЛБА НА БАНКАТА ЗА ХРАНА

    Функционирањето на Банките за храна насекаде во светот па и кај нас, се во основа на добивање донација и прераспределба. Банката за храна вклучува четири основни принципи на делување: 1. Снабдување Една од основните цели на Банката за храна е да спречи расипување на храна. Под снабдување се подразбира собирање - прифаќање, почитувајќи ги строгите критериуми за хигиена на: земјоделски вишоци, производствени вишоци од агро-прехрамбениот сектор, некомерцијални прехрамбени производи, вишоци од мензите и ланците ресторани. Снабдувањето се врши преку донации од широката јавност, кои се собираат на големи површини, во училиштата и тн. Сета храна со која се снабдува Банката…

КАКО ДА СЕ ПОМОГНЕ?

Банката за храна Македонија собира донации од типот на: Донации во храна, донации во пари, опрема и услуги. Донирајте денеска и направете добро дело!

ПРИЈАВИ СЕ И БИДИ ВОЛОНТЕР!

Доколку се сложувате со нашите ставови и сакате на некој начин да и помогнете на Банката за храна во борбата со гладта, може да станете волонтер и со заеднички сили да им помагаме на сиромашните и оние кои навистина имаат потреба од нашата помош.

КАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА ВИСТИНА ЗА ГЛАДТА !

Доколку се сложувате со нашите ставови и сакате на некој начин да и помогнете на Банката за храна во борбата со гладта, кажете ни за Вашата вистина за гладта во светот, пишете ни и пополнете го формуларот.

ЗА НАС

Од Декември 2011 Банката за храна Македонија е придружна членка на Европската Федерација на Банки за Храна - ФЕБА.

Моб: +389 70 343 636

E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ДОНАЦИИ

На Банката за храна Македонија и се потребни финансиски средства за функционирање – покривање на оперативните трошоците за работење и тоа: телефон, струја, вода, изнајмување на канцелариски и складиштен простор, дел за плаќање на ангажираните лица, пакување и транспорт на донираната храна, набавка на транспортно возило, и др.

Посетители

Денес
Вчера
Оваа недела
Минатата недела
Овој месец
Минатиот месец
Вкупно
22
111
817
817
3704
3488
48653


Вашaта IP адреса:54.144.3.134

Галерија

Монастырский Чай В Серпухове |