ПОВЕЛБА НА БАНКАТА ЗА ХРАНА

Функционирањето на Банките за храна насекаде во светот па и кај нас, се во основа на добивање донација и прераспределба.

Банката за храна вклучува четири основни принципи на делување:

1. Снабдување

Една од основните цели на Банката за храна е да спречи расипување на храна.

Под снабдување се подразбира собирање - прифаќање, почитувајќи ги строгите критериуми за хигиена на:

  • земјоделски вишоци,
  • производствени вишоци од агро-прехрамбениот сектор,
  • некомерцијални прехрамбени производи,
  • вишоци од мензите и ланците ресторани.

Снабдувањето се врши преку донации од широката јавност, кои се собираат на големи површини, во училиштата и тн.

Сета храна со која се снабдува Банката за храна мора да биде  бесплатна - донација.

2. Дистрибуција

Банката за храна е здруженија на граѓани – хуманитарна организација која делува во служба и на други здруженија, чија што цел е намалување на гладот помеѓу социјално исклучените и сиромашни лица. Банката за храна не мора да врши директна дистрибуција, но тоа можат и го прават преку мрежата од локални организации, групи или заедница, кои работат со сиромашна популација, Центрите за социјални работи, Црвениот крст, Црвената полумесечина, Нардоните кујни, итн.

Договорите за бесплатно снабдување се склучуваат помеѓу секоја Банка за храна и Локалните “Банковни Експозитури “.

Помош во храна за корисниците се врши во следниот облик:

  • оброк во народните кујни,
  • оброк наречен „заеднички казан“ во малите прифатилишта или
  • пакет храна.

3. Начин на функционирање

Улогата на Банката за храна е во рамките на своето делување да промовира активна и одговорна солидарност на дело и во пракса.

Во таа смисла, функционирањето на Банката за храна е условено со следното:

  • донација во материјали и опрема,
  • покривање на трошоците од страна на трети лица,
  • поддршка од различни здруженија,
  • донации и субвенции.

4. Актери / субјекти на системот

Банката за храна постои благодарение на работата на волонтерите и разни здруженија со хуманитарен предзнак. На тој начин, тие сведочат за можноста за единство на различни ентитети, а во прилог на тоа заеднички можат да им помогнат на оние на кои таа им е најпотребна – гладните и сиромашни наши сограѓани.