Поаѓајќи од есенцијалноста на правото и обврската на секој поединец, држава и општество за признавање и почитување на вроденото достоинство и еднаквите и неотуѓиви права на секој човек, а во согласност со Уставот на Република Македонија и постојните меѓународните документи, вклучително и примарниот и круцијален акт, во кој се сублимирани основните постулати врз кои се темели човековото егзистирањето во општеството, Универзалната декларација за правата на човекот – правото на живот, правото на животен стандард кој му обезбедува здравје и благосостојба на човекот и неговото семејство, вклучувајќи ја и исхраната, правото истите да му бидат осигурани во случај на невработеност, болест, немоќ, вдовство, старост или други случаи на губење на средства за издржување, поради околности независни од неговата волја, а верувајќи во солидарноста и дека само заеднички можеме да им пружиме помош на оние на кои таа им е најпотребна, во Јануари 2011 година го основавме Здружението за поддршка и помош на социјално исклучените и сиромашни лица – „ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ“.
Нашата мисија во целост е фокусирана на борбата против гладот и сиромаштијата со основна цел да допринесеме за успешно намалување на истите во Р. Македонија, преку прифаќање – собирање на земјоделските, агро-индустриските и трговските производи од донаторите – снабдители, нивно складирање, со цел нивно сортирање, пакување, неодложно и ИТНО дистрибуирање до социјално загрозените категории граѓани, во посредство со социјалните центри – институции како и хуманитарни организации чија што цел исто така претставува помош на сиромашни и маргнизирнаи групи и лица во нашето општество.