ЗА НАС

Ние СМЕ клучна карика во ланецот на дистрибуција на донираната и собрана храна, до социјално исклучените и сиромашни лица

Поаѓајќи од есенцијалноста на правото и обврската на секој поединец, држава и општество за признавање и почитување на вроденото достоинство и еднаквите и неотуѓиви права на секој човек, а во согласност со Уставот на Република Македонија и постојните меѓународните документи, вклучително и примарниот и круцијален акт, во кој се сублимирани основните постулати врз кои се темели човековото егзистирањето во општеството, Универзалната декларација за правата на човекот – правото на живот, правото на животен стандард кој му обезбедува здравје и благосостојба на човекот и неговото семејство, вклучувајќи ја и исхраната, правото истите да му бидат осигурани во случај на невработеност, болест, немоќ, вдовство, старост или други случаи на губење на средства за издржување, поради околности независни од неговата волја, а верувајќи во солидарноста и дека само заеднички можеме да им пружиме помош на оние на кои таа им е најпотребна, во Јануари 2011 година го основавме Здружението за поддршка и помош на социјално исклучените и сиромашни лица – „ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ“.
Нашата мисија во целост е фокусирана на борбата против гладот и сиромаштијата со основна цел да допринесеме за успешно намалување на истите во Р. Македонија, преку прифаќање – собирање на земјоделските, агро-индустриските и трговските производи од донаторите – снабдители, нивно складирање, со цел нивно сортирање, пакување, неодложно и ИТНО дистрибуирање до социјално загрозените категории граѓани, во посредство со социјалните центри – институции како и хуманитарни организации чија што цел исто така претставува помош на сиромашни и маргнизирнаи групи и лица во нашето општество.

ПРИНЦИП НА РАБОТА

Основните принципи на работа на организацијата „ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ“ се засноваат на Повелбата на Европската Федерација на банки за храна (FEBA), макар што организацијата се уште не е официјална членка на истата, но Повелбата на FEBA прокламира дека:

ПОВЕЛБА НА БАНКАТА ЗА ХРАНА

Функционирањето на Банките за храна насекаде во светот па и кај нас, се во основа на добивање донација и прераспределба.
Банката за храна вклучува четири основни принципи на делување:

1. Снабдување

Една од основните цели на Банката за храна е да спречи расипување на храна. Под снабдување се подразбира собирање – прифаќање, почитувајќи ги строгите критериуми за хигиена на:
• земјоделски вишоци,
• производствени вишоци од агро-прехрамбениот сектор,
• некомерцијални прехрамбени производи,
• вишоци од мензите и ланците ресторани.
Снабдувањето се врши преку донации од широката јавност, кои се собираат на големи површини, во училиштата и тн. Сета храна со која се снабдува Банката за храна мора да биде бесплатна – донација.

2. Дистрибуција

Банката за храна е здруженија на граѓани – хуманитарна организација која делува во служба и на други здруженија, чија што цел е намалување на гладот помеѓу социјално исклучените и сиромашни лица. Банката за храна не мора да врши директна дистрибуција, но тоа можат и го прават преку мрежата од локални организации, групи или заедница, кои работат со сиромашна популација, Центрите за социјални работи, Црвениот крст, Црвената полумесечина, Нардоните кујни, итн. Договорите за бесплатно снабдување се склучуваат помеѓу секоја Банка за храна и Локалните “Банковни Експозитури “. Помош во храна за корисниците се врши во следниот облик:
• оброк во народните кујни,
• оброк наречен „заеднички казан“ во малите прифатилишта или
• пакет храна.

3. Начин на функционирање

Улогата на Банката за храна е во рамките на своето делување да промовира активна и одговорна солидарност на дело и во пракса. Во таа смисла, функционирањето на Банката за храна е условено со следното:
• донација во материјали и опрема,
• покривање на трошоците од страна на трети лица,
• поддршка од различни здруженија,
• донации и субвенции.

4. Актери / субјекти на системот

Банката за храна постои благодарение на работата на волонтерите и разни здруженија со хуманитарен предзнак. На тој начин, тие сведочат за можноста за единство на различни ентитети, а во прилог на тоа заеднички можат да им помогнат на оние на кои таа им е најпотребна – гладните и сиромашни наши сограѓани.

НАШИОТ ТИМ:

Претседател

Душко ХРИСТОВ

dusko@bankazahrana.org
Извршен Секретар

Душко ТОМАШЕВСКИ

duskot@bankazahrana.org
Регионален Координатор за Струмица

Катерина ПОП-СТОЈАНОВА

katerina.popstojanova@bankazahrana.org
Член на ИО

Александар ЧОКОВКСИ

ace@bankazahrana.org
Член на ИО

Слободан РИСТЕСКИ

cobe@bankazahrana.org
Член на ИО, ПР и Маректинг

Маја ПОПОВСКА

maya@bankazahrana.org
Член на ИО, Меѓународен Координатор

Влатко АНДОНОВСКИ

vlatko@bankazahrana.org
Член на ИО

Кате Т. НАУМЧЕСКА

katetn@bankazahrana.org
Член на ИО, Регионален Координатор за Струга

Дитурие РЕЧИ

ditka@bankazahrana.org
Графички Дизајн

Никола КОСТОСКИ

koljo@bankazahrana.org
Графички Дизајн

Виктор ПОПОВСКИ

viktor@bankazahrana.org

Соработници

Партнери на банкарството со храна